Толку од топлото време: Викендов пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

 

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот,  викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

-Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени, соопшти УХМР. 

03.11.2022 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега