Тодоров: Бугарите се големи провокатори
Решавањето на ова прашање со Бугарија нема да биде воопшто лесно и треба да се пристапи со голема внимателност.
Ова денеска го истакна некогашниот министер за здравство во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во Студио 10 на ТВ 24.
„Бугарите се големи провокатори. Замислете, ние да влезевме пред 25 години во ЕУ, да го решевме спорот со Грција. И тогаш ние ќе и поставувавме блокади на Бугарија, како што тие сега прават. Овој спор нема да биде едноставен и премиерот Заев треба да биде многу внимателен“, рече Тодоров.
09.11.2020 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа