„Тоа беше знак дека нешто му се случило на Матеј“: Сплиќанецот на неговата девојка секоја вечер ѝ испраќал иста порака
Помина еден месец од исчезнувањето на Сплиќанецот Матеј Периш (27), а неговата девојка Сања од Сплит во својата исповед на почетокот на јануари открила дека со исчезнатото момче немале никакви проблеми.
„Немаше никакви проблеми помеѓу нас“, рекла тогаш и објаснила дека со Матеј последен пат се слушнала на 30-ти декември, кога ѝ испратил видео околу 21:30 часот.
„Мене ми се исклучи телефонот, а бев на работа. Кога си дојдов доома околу полноќ, му одговорив на таа порака и си легнав да спијам. Се разбудив во седум часот изутрина и видов дека не ми испратил порака за добра ноќ кога се прибрал во апартманот, нешто што тој секогаш го прави. Гледам нема ништо. Тогаш му испратив порака: „Сè ли е во ред?“, а одговор немаше.
Потоа околу два попладне повторно му испратив порака, повторно ништо. Си помислив дека не може да спие толку долго, нема шанси. Потоа се слушнав со неговите пријатели, кои ми рекоа дека исчезнал, дека јакната му е тука, дека не знаат ни тие што се случило. Тие беа во шок“, раскажала тогаш Сања, нагласувајќи дека ја погодуваат приказните за тоа дека Матеј со друштвото консумирал дрога.
За потсетување, Матеј Периш исчезнал ноќта на 30-ти декември, кога истрчал од клубот „Готик“. Последниот сигнал од неговиот телефон го снимила базната станица во реката Сава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа