Тлото не мирува- нов земјотрес во Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес ја потресе областа Еласона во грчката област Тесалија, пренесува АНА.

Потресот е регистриран во 11:36 часот и бил со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.

Земјотресот се смета во низа на афтер-шокови по вчерашниот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, при што беа повредени 11 лица, а оштетени се стотина куќи и други објекти. Неколку послаби потреси беа почувствувани и синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега