Нов случај на врсничко насилство во Скопје ја вознемири јавноста, откако родител објави дека група помали деца биле нападнати на спортското игралиште на Работнички, во Дебар Маало. Според сведочењето, инцидентот се случил околу 15 часот, кога петтоодделенци кои играле фудбал биле нападнати од група постари деца, на возраст од 13 до 14 години.

„Само за информација дека околу 15 часот, во парк на игралиштето на Работнички, помалиот син и уште 4 другари (5то одд), кои играле таму фудбал им се пуштил да ги малтретира и тепа еден од 5-6 деца кои биле околу 13-14 години (збореле албански). Само едниот од нив бил насилен, барал пари, па после му се пуштил на синот со клоци и шамари, а сакал и да му го земе точакот на еден од другарите кои биле со синот.

Screenshot

Успеале да избегаат, а другите од друштвото на насилникот го тргале да не ги закача нашиве. За среќа нема поголеми повреди, освен стрес кој се надевам дека нема да има последици. Исто така во тој момент во близина имало некои работници и еден од другарите на синот буквално ги влечел за да им помогнат, ама за жал никој не реагирал. Каде е полицијата, сред ден, на спортско игралиште, не во парк било каде, не на забутано место, на спортско игралиште. Срамота, да не смееш дете да пуштиш да спортува, едвај се откачија од Дрвен, сега се префлија на спортски терени, а полицијата ја нема, ете тоа е нашево сигурно и обезбедено Дебар Маало“, напиша скопјанката Емилија Николиќ Дуковски.

Exit mobile version