16-годишник од гостиварско село ноќеска итно е примен во Ургентниот центар во Гостивар поради труење со алкохол. Случајот во полиција бил пријавен од болницата во 02:45 часот.
Според изјавата на неговата мајка дадена во полиција, малолетникот консумирал алкохол во угостителски објект во Гостивар.
„На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алхохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој потврди дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и под кои околности на малолетникот му бил точен алкохол.

