Ти си одвратно човечко суштество: Ајрленд Болдвин ѝ одговори на Кендис Овенс

Ајрленд Болдвин остро ја нападна Кендис Овенс во врска со нејзиниот твит дека вмешаноста на Алек Болдвин во фаталниот инцидент во Ново Мексико е поетска правда по неговите критики кон Доналд Трамп.

Контроверзната конзервативка (32) се огласи на „Твитер“ критикувајќи го таткото на Ајрленд за случајнотото пукање во кое беше убиена камерманката Халина Хачинс минатата недела.

„Алек Болдвин помина 4 години нарекувајќи го Доналд Трамп и неговите поддржувачи зли убијци. Она што му се случи на Алек е пример за поетска правда…

Реакцијата на ќерката на актерот дојде веднаш по твитот.

„Ти си најодвратното, најомразено, канцерогено човечко суштество што некогаш сум го сретнала“, напиша 26-годишната манекенка на „Инстаграм-стори„.

Таа продолжи: „Без оглед на вашите погрешни мислења најчесто, факт е дека не го почитувате животот на жена што беше случајно и трагично убиена… Срам да ви е“.

Ајреленд исто така ги извести своите 680.000 следачи дека ќе направи пауза на „Инстаграм“ бидејќи се срами да дише ист воздух како оваа жена.


Макфакс

 

26.10.2021 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега