Тетовец нападнал двајца малолетници поради расправија со неговите деца

Тетовец нападнал двајца малолетници бидејќи претходно се скарале со неговите деца.

Како што соопшти полицијата, во 21.10 часот А.Ѓ.(61) од Тетово пријавила дека на ул.,,135‘‘ во Тетово нејзиниот 14-годишен внук, по претходна расправија со други двајца малолетници,  бил физички нападнат од едниот од нив, по што и тој му возвратил.

-По кратко време дошол таткото на двајцата малолетници, С.А.(34) од Тетово, и физички ги нападнал 14- годишникот и неговиот другар, велат од МВР.

 По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега