Тетовчанец и го одзел едното дете на партнерката и и се заканувал


Полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 19:50 часот на улица „Панче

Поповски“ во Гостивар го лишиле од слобода 41- годишниот С.Ш. од тетовско Селце-Кеч.

Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

21.03.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега