Тешко повредено 26-годишно момче од Куманово: Управувајќи мотоклтиватор излетал од пат и удрил во ѕид од објект

Вчера во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, А.А.(26) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „ИМТ 509“ со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

17.07.2024 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега