Тешко повреден велосипедист откако во него удрил мотоциклист


Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Б.(73) од Скопје, со кои се здобил во сообраќајна несреќа.

Полициски службеници со него извршиле службен разговор во кој изјавил дека на 17.03.2024 околу 17.00 часот на ул.„Методија Патчев“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

19.03.2024 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега