Кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот.

– Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

За настанот, известен бил јавен обвинител.

Leave A Reply

Exit mobile version