Вчера во 12:25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано ,,Турски андак’’, 16-годишник од с.Разловци, делчевско, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.    

Exit mobile version