Македонија се соочува со нагло и енормно заладување во рок од само едно деноноќие, покажуваат официјалните податоци од мерните станици низ државата.
Според температурата објавена од УХМР вчера во 14 часот најтопло било во Велес со измерени 33,8 степени.
Веднаш зад Велес, екстремно високи температури вчера биле измерени и во Гевгелија и Демир Капија каде живата во термометарот достигнала до 32,7 степени.
Новите мерења од денеска, 12.06.2026 година бележат драматичен пад на вредностите во сите градови.
Денеска во 14 часот највисоката температура во државата е заведена во Демир Капија и изнесува само 24,3 степени, што е за над 8 степени помалку од претходниот ден.
Најдрастична е промената во Велес, каде температурата за само 24 часа паднала од 33,8 на 20,9 степени, што претставува разлика од речиси 13 степени.
Сличен шок е забележан и во Скопје (Зајчев Рид), каде вчера биле измерени 31,9 степени, а денеска во истото време термометрите покажале само 20,6 степени.
На Попова Шапка, пак, денеска во 14 часот е регистрирана есенска температура од само 8,1 степен, за разлика од вчера кога биле измерени 17,9 степени.


