Тешко повреден 69-годишен скопјанец - паднал од мопед

 


Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Гвадалахара“ во Скопје, М.Б. (69) од Скопје управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.  

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

20.10.2024 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега