Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено

 


Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) удрило во пешак П.К.(18) двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид При ударот било оштетено паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К.(51) од Тетово.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

20.10.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега