Тешка сообраќајка во Скопје- повредени четири лица

 

Неколку лица биле повредени доцна синоќа во тешка сообраќајка во Скопје.

„На 20.09.2020 околу 01.15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од З.Р.(28) од Охрид излетало од коловозот.

По незгодата, возачот и сопатниците Д.Р.(30) од с.Лешани, охридско, В.М.(29) и Б.Р.(27), и двајцата од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај сопатниците Д.Р., В.М. и Б.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај З.Р. телесни повреди“ велат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа