На 24.01.2026 година во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешакот Б.С.(49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото.

Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version