Вчера околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на патничкото возило „шкода“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Хакерите го знаат вашиот пин пред да го кажете: Овие комбинации се „магнет“ за крадци
- Координаторот на пратеничката група на Вреди се сретна со Томас Вајц: Разговарале за ЕУ
- СДСМ: Дали Симе од сликите со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони?
- Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија
- Економски шок: Германски гигант отпушта 20.000 работници
- Вистинска драма во Тетово: Албанец украл телефони, па „добил ќотек“ од тетовци – на крај сите завршија во полиција
- Ѓорѓиевски предупредува: Скопје нема да биде депонија за кучиња од други градови – прекршителите ќе се ловат преку „Сејф Сити“
- Скопје става крај на хаосот со бездомните кучиња: Обезбедени 30 милиони денари за проширување на „Лајка“

