Вчера во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57).
Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, стои во денешниот полициски билтен.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

