Тешка сообраќајка вечерва во Македонија: Загина пешак - го прегазиле со пасат
Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрило возило управувано од државјанин на Србија, соопшти СВР Куманово.
„Денеска во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа. Возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Србија удрило во пешакот Б.Д. (64) од селото Облавце. Пешакот загинал на самото место“, соопшти кумановската полиција.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка накратко беше во прекин во обете насоки.
30.10.2024 - 21:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа