Тешка сообраќајка: Три лица итно транспортирани во болница

Вчера, во 11.46 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с. Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д. Н. (45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката А. И. (67) од Гостивар, а телесни повреди добиле возачот и уште една сопатничка Т. Н. (41) од Виница, констатирани во Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Виница.

12.02.2024 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега