На 15.11.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Exit mobile version