Тешка сообраќајка кај крстосница База Гранит - Кочани: Едно лице тешко повредено
Вчера околу 14.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит - Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
04.02.2025 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа