Жена е тешко повредена вечерва откако била прегазена на пешачкиот премин пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Центар, Скопје.
Несреќата ја предизвикал возач на „Туарег“, кој веднаш по инцидентот го напуштил местото на несреќата.
Жената е пренесена во болница со тешки телесни повреди.
МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот.

