Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурата на воздухот измерена во 11 часот на мерните станици низ земјава.
Највисока температура во претпладневните часови е регистрирана во Гевгелија, каде што живата на термометарот се искачи на 33,9 степени Целзиусови.
Веднаш по Гевгелија, најтопло е во Демир Капија со 32,9 степени, како и во Кавадарци каде се измерени 31,9 степени. Во Велес и на мерната станица Скопје-Зајчев Рид температурата изнесува 31,8 степени.
Во останатите градови температурите се движат над 30-тиот степен: во Штип се измерени 31,4 степени, во Струмица 31,3, а во Скопје-Петровец 30,2 степени.
Најниски температури претпладнево се измерени на планинските места и во тетовскиот регион, каде во Тетово се регистрирани 19,2 степени, а на Попова Шапка 20,1 степен. Во Крушево се измерени 23,7 степени.
Според податоците од УХМР, на мерните станици во Пожаране и Лазарополе утрово нема регистрирано мерења.


