Вчера околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Алешевце-с.Слупчане, во с.Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот Ш.М. и М.М., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
- СДСМ: Дизелот надмина 100 денари за литар, следува поскапување на храната
- АХВ спречи увоз и уништи над 27,5 тони косовско млеко поради зголемен афлатоксин
- Потврдени 44 случаи на западнонилска треска: Пет лица починаа, Клековски ги посети Инфективна и ИЈЗ
- Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар
- Силјановска Давкова се сретна со Славески: Економијата е стабилна, предложен е трет вицегувернер на Народната банка
- ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, еден е ставен под контрола
- Полицијата приведе четири лица во Скопје: Пронајдени марихуана и кафеава материја
- ЦУК со апел до граѓаните: Внимавајте, пожарите оставаат последици врз сите живи суштества


