Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, имал телефонски разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
– Разговорот со Гордана Силјановска Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да развиваме блиски и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во области од заеднички интерес – напиша претседателот на Србија на Инстаграм.

