Иран испрати остра и директна порака до своите соседи, предупредувајќи ги дека американските воени бази на нивна територија ќе станат легитимни цели доколку САД извршат напад врз иранска територија. Како што пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel), Техеран веќе ги известил Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Турција за овие планови.

„Техеран јасно им стави до знаење на земјите во регионот дека американското воено присуство кај нив ќе биде цел на напад доколку Вашингтон нè нападне. Бараме од овие држави да влијаат врз САД за да се спречи воена ескалација“, изјавил висок ирански дипломат.

Оваа закана доаѓа во време на зголемени тензии, имајќи предвид дека САД располагаат со стратешки воени бази во речиси сите земји од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Кувајт, Катар, Оман, но и во Израел.

Exit mobile version