Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (23) од Куманово.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела – тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци.
А.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.


