Осум лица, меѓу кои и царински службеник, се опфатени во истрага за организиран шверц на различна стока, меѓу која цигари, злато и суплементи за потенција.

Акцијата се спроведувала на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, а полицијата постапува по сомнежи за криумчарење, нелегална трговија, корупција и перење пари.

Во текот на претресите биле пронајдени магацини со нелегална стока, а министерот за здравство Сашо Клековски претходно изјави дека во фокусот на истрагата се суплементи и препарати за потенција кои нелегално биле пуштани во промет.

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а по завршувањето на истражните дејствија се очекуваат дополнителни детали за улогата на осомничените.

Exit mobile version