САД бараат начин да „извлечат“ од војната, а воедно „да го зачуваат своето достоинство“, изјави во вторник портпарол на иранското Министерство за одбрана, во момент кога се очекува продолжување на иранско-американските мировни преговори со посредство на Пакистан.
– Нашата воена моќ сега е доминантна сила, а непријателот бара начин да го спаси своето достоинство и да излезе од мочуриштето на војната во кое е потонат, изјави портпарол на министерството, цитиран од новинската агенција ИСНА.
Иранскиот министер за надеворешни работи Абас Арагчи од синоќа е во Исламабад на средба со пакистански преставници, а во текот на денов се очекува да пристигнат и специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Иран засега одбива директна средба со американските претставници.


