Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика третата седница на Претседателството на Генералниот совет.
На оваа седница беа разгледани актуелните политички случувања во земјата, со посебен акцент на предизвиците поврзани со почитувањето на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност, како и загрижувачките тенденции што ја нарушуваат меѓуетничката рамнотежа и демократското функционирање на институциите.
Исто така, беа разгледани прашања поврзани со внатрешната партиска организација, со фокус на консолидирање и зајакнување на структурите на терен, како одговор на новите политички динамики.
Во таа насока, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за именувањето на нови претседатели на ограноците на Демократската унија за интеграција, и тоа:
• Боговиње – Елез Рамадани
• Јегуновце – Валон Нухиу
• Шуто Оризари – Илаз Лесковица
ДУИ оценува дека во овој важен политички период се бара јасност, одговорност и решителност во заштитата на стратешките достигнувања и правата на граѓаните.


