Општина Илинден изврши обнова и замена на дел од детските реквизити на повеќе игралишта на својата територија, како и поставување нова урбана опрема.
Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата, се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. На игралиштето помеѓу улиците „525“ и „500“ се поставени нова лизгалка, лулашка и клацкалка, како и две клупи и корпи за отпадоци.
На детското игралиште долж пешачката патека Марино–Кадино извршено е бетонирање на просторот и поставување нови реквизити, меѓу кои лулашка, клацкалка и две фигури во форма на коњче. Во населеното место Илинден, на игралиштето на улица „30“, дополнително се поставени нова лизгалка и клацкалка.
Покрај тоа, во рамки на активностите е поставена и нова автобуска постојка во Кадино кај „Пекабеско“. Од општината апелираат граѓаните да покажат поголема грижа кон јавната инфраструктура, нагласувајќи дека инвестициите во детски игралишта и урбана опрема се дел од континуираните напори за уредена и функционална локална заедница.


