УХМР ги измери температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Со 13 степени во 11 часот, Попова Шапка е местото со најниска температура во Македонија, додека Гевгелија е најтоплиот град со измерени 29 степени.

Велес, Кавадарци, Скопје и Штип се меѓу најтоплите градови со измерени 27 степени во 11 часот.

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот УХМР најавува сонце и многу топло време, но и невреме во попладневните часови.

Exit mobile version