Close Menu
    Најново

    30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра

    14.12.2025 во 21:57

    Филипче: Спремни сме да се бориме на избори

    14.12.2025 во 21:48

    Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа примил 50.000 евра за да влијае врз судија во Апелациониот суд

    14.12.2025 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра
    • Филипче: Спремни сме да се бориме на избори
    • Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа примил 50.000 евра за да влијае врз судија во Апелациониот суд
    • Мицкоски: На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции
    • Намалени сообраќајките во Скопје: Тошковски го пофали проектот „Безбеден град“ и граѓаните
    • Акција на полицијата и инспекциите: Затекнати три малолетнички по полноќ во угостителски објект во Гостивар
    • Прегазено 4-годишно дете во Кичево
    • Физичка пресметка во игротека во Аеродром: Татко реагирал на агресивно однесување кон малолетник
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » 30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра

    30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра

    14.12.2025 во 21:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

    Стафа е осомничен за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

    Притворот е определен на предлог на ОЈОГОКК, поради постоење опасност од бегство и можност Стафа да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата.

    Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра.

    Со парите требало да посредува и да го искористи своето влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор на лице кое е во бегство.

    Првично барал 100.000 евра. На 6 октомври примил 30.000 евра, а на 13 декември примил уште 20.000 евра, по што бил уапсен.

    Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од 2018 до 2022 година. По разрешувањето, работел како адвокат и беше кандидат за член на Судскиот совет.

    Популарно

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    Мицкоски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават документи со кои ќе гарантираат дека нема да се градат мигрантски кампови

    12.12.2025 во 13:30

    Мицкоски во Бутел: Крај на децениското трпение на полицајците, по 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица

    14.12.2025 во 13:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.