Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Апсење на Табановце, двајца Германци се обиделе да шверцаат дрога
- Водата во Неготино се забранува за пиење
- Салиу се сретна со заменик-амбасадорот на Австрија: Заеднички иницијативи за образование, култура и интеграција на Ромите
- Во Франција најавени 250 собири, се очекуваат меѓу 600.000 и 900.000 демонстранти
- ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за локалните избори
- Избувнаа 25 пожари – се уште гори во Гази Баба, Зелениково и на Кожуф
- Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци
- Изминатото деноноќие 25 пожари, под контрола пожарите во Трубарево и Дрисла