Таткото на Јелена Филиповиќ барал од кумановци кои му должеле 80.000 евра да убијат тројца за одмазда за смртта на ќерка му

Мајката на загинатата Јелена Филиповиќ е возачот кој усмрти 75 годишен маж на пешачки премин непосредно до мостот Гоце Делчев. 17-годишната Јелена загина во контроверзна сообраќајна несреќа, а фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот Кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.

Засега нема детали со која брзина возела 42-годишната кумановка при несреќата кај мостот Гоце Делчев. ОЈО ја заврши истрагата, но не соопшти повеќе детали. Ќе се прави обдукција на телото на починатиот и ќе се зема урина и крв од мајката на Јелена за да се провери дали користела недозволени средство. Со наредба од Јавен обвинител ќе се прегледуваат и снимките од надзорните камери на објектите во близина.

Кон крајот на минатата година, пак, против таткото на Јелена, 57-годишниот Драган Филиповиќ беше покренат обвинение бидејќи, како што соопшти ОЈО, барал од двајца кумановци кои му должеле пари да го убијат возачот и сопатничката од автомобилот во кој настрада неговата ќерка.

Според ОЈО, обвинетиот се товари дека  со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица.

-Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник. Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот.Обвинетиот за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот. Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80 000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година,  на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од  оштетените да им го одземат животот на трите лица.  Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по  животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција, соопшти Јавното обвинителство на 15-ти декември минатата година.

26.01.2022 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега