Таткото на еден од осомничените за убиството: „Дејан не се однесуваше чудно или збунето“

 


Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), во изјава за „Телеграф.рс“ по апсењето на син му за убиство на девојчето, открива дека тој не се однесувал чудно.

Со мирен глас Радослав накусо раскажува дека не знае повеќе детали за случајот што ја шокира цела Србија, па и Европа.

Тој открива дека неговиот син во последно време не се однесувал чудно.

„Дејан не беше збунет, цело ова време беше нормален“, изјави Радослав.

Раскажува дека тој и син му живеат во иста куќа, но дека не поминуваат многу време заедно.

„Наутро излегува од дома, навечер доаѓа. Не знам ништо повеќе за ова додека не го видам“, кусо изјави Радослав.

Таткото на осомничениот Дејан вели дека лично не го познава Срѓан Јовановиќ, кој исто така е осомничен за убиството на Данка.

„Знам дека се познаваат од работа, јас не го познавам“, рекол таткото на осомничениот Драгиевиќ.

Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март околу 13.45 часот, а сомнежите одат во насока дека по неколку минути, Драган и Срѓан ја удриле со службеното возило „фиат панда“ и дека потоа ја ставиле во багажникот и го фрлиле нејзиното тело.

04.04.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега