Утрово е пријавен трагичен случај во кој починало петмесечно бебе од скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, денеска во 06:05 часот во СВР Скопје од Детската клиника „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато бебе. Претходно, околу 05:30 часот, таткото го пронашол бебето без знаци на живот во семејниот дом на подрачјето на Чучер-Сандево, по што веднаш го однел на клиниката.

Од МВР информираат дека станува збор за предвреме родено бебе, а лекар констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на надлежните органи се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанала смртта.

Exit mobile version