Според најавите на метеоролозите, Македонија ја очекува промена на временската состојба. Утре времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Оваа влажна воздушна маса ќе донесе и значително опаѓање на температурите во однос на претходните денови. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 18 до 25 степени Целзиусови. Во Скопје и околината се очекува слично време, со повремени врнежи од дожд и услови за грмежи, додека дневната температура ќе достигне до 23 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и силен ветер.

Exit mobile version