Тасевска: ДПМНЕ се фатени во нова лага


ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната канадидатка, Гордана Силјановска, изјави на денешната прес-конференција 
Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.


Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини, рече Тасевска.

„ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните. Но, се покажа дека не е така.  ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните. Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи. Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ. Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, посочи Тасевска.

22.03.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега