Таравари: Слободните медиуми се основниот столб на демократијата

 
Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, по повод 3-ти Мај - Светски ден на слободата на медиумите, на социјалните мрежи напиша: "Сите ние, како граѓани на оваа држава, носители на јавни функции, претставници на институции, носители на различни професии, должни сме да ја поддржиме и заштитиме слободата на медиумите и да се погрижиме новинарите да известуваат за вистината без цензура и страв од било какви реперкусии. 
Слободните медиуми имаат особено значајна улога општеството да функционира одговорно и соодветно. За жал, слободата на медиумите е под закана во многу делови од светот, па така и кај  нас, дома. Новинарите неретко се мета на малтретирање, заплашување, па дури и насилство само затоа што ја вршат својата работа. 
Токму затоа, како општество, мораме да направиме сè што е можно за да ги заштитиме новинарите и слободата на медиумите. И денеска, на овој Светски ден на слободата на медиумите, а и секојдневно, да се потсетиме на каузата за слобода на медиумите. 
Да застанеме на странат на новинарите и медиумите кои се борат за вистината и да се обврземе да го штитиме овој основен столб на демократијата".
03.05.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега