Таравари: Се е во ред во владината коалиција
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека во владината коалиција е се во ред, додека за односите во ВРЕДИ, од каде доаѓа тој, рече дека состојбата е релативно стабилна.
-Ова е ирелевантно за темата која што ја разговараме денеска, меѓукоалициски разговори, тоа се веќе политички теми. Јас мислам дека денеска повеќе сум фокусиран на темата здравство. Во Коалицијата ВЛЕН состојбата е релативно стабилна и во владината коалиција се е во ред, рече Таравари на прес конференција во Министерството за здравство.
Таравари ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира вчерашните објави во дел од медиумите на албански јазик дека би можел да ја напушти Коалицијата ВРЕДИ и дека коалицијата бара најмалку 40 отсто од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори во октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа