Таравари по средбата со Ковачевски: Немаме понуда за влез во Влада
Немаме понуда за влез во Влада, зборувавме за борба против корупцијата и европскиот пат, изјави Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Во изјавата тој потенцираше дека се зборувало за функционирањето на државата и системот.
„Немаме официјални преговори. Ако започнеме, нема да криеме. Не добивме покана“, изјави Таравари.
18.11.2022 - 14:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа