Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, кое на повторните избори во Гостивар настапува во коалиција со ДУИ, денеска изрази очекување за мирен и демократски изборен ден.
Осврнувајќи се на резултатите од претходниот круг, тој потсети на тесната трка на неговиот кандидат.
„За жал, иако претходно Ваљбон Лимани доби најмногу гласови, за 21 глас не успеа. Тој доби најмногу гласови на ниво на држава во првиот круг од сите кандидати, освен од Орце Георгиевски, но тоа се правилата на демократијата“, изјави Таравари.
Тој оцени дека процесот денеска се одвива нормално, иако временските услови создале помали потешкотии. „Снегот малку го отежна гласањето на некои места и биле потребни дополнителни подготовки за чистење и затоплување. Се надевам дека на крајот од денот граѓанинот ќе реши кој ќе раководи со општината“, додаде Таравари.

