Таравари нема точни информации околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорност кај судијата Пајазити
Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека немал точни информации околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорност на судијата Пајазит Пајазити. Запрашан дали како коалиција ВЛЕН се придружуваат кон барањето на нивниот коалициски партнер, Таравари вели дека неговата коалиција допрва ќе формира заеднички став.
-Јас немам точни информации за што се работи, но независно од името, за секој којшто не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај немам точни информации, кога ќе имам, ќе имаме и став како коалиција ВРЕДИ, рече Таравари.
Барањето за одговорност од Судијата Пајазити е поради неговата одлука да му го укине институционалниот притвор на припадникот на ОВК, Блерим Рамадани и да му определи куќен притвор, по што притвореното лице избега од државава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа