Таравари го претстави идниот кабинет


Кандидатот за претседател на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, вчера, го промовира својот тим, со кој ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите на 24 април. Забележлив е фактот дека првпат претседателски кандидат тоа го прави пред изборите.

Во својот кабинет Арбен Таравари, како што вели, има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на условите во државава, кои без сомнение ќе може да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните.

„Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири – професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан – доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули – магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези – професор на УЕЈЛ“, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.

Таравари најави дека претставил само неколку имиња, а во иднина овој тим ќе се прошири и со други вредни луѓе.

22.03.2024 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега