Тамара Тодевска: Не можам да си ја простам грешката со химната, многу луѓе и сега ме пцујат

Факт е дека тоа беше непрофесионално од моја страна и тоа е единствената работа која нема никогаш да си ја простам, рече Тамара Тодевска во интервју за Репортер“, откако беше прашана за моментот кога го згреши текстот на македонската химна.

– Јас бев убедена дека химната ја знам, а всушност не сум ја знаела. Јас си излегов на сцена и почнав да си пеам од срце и од душа, но ете, во еден момент работите тргнаа на друга страна. Како и да е, се надевам дека со тек на време народот ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина не знам што повеќе да направам за да докажам дека тоа не беше политички договор или продажба на мојата индивидуа – рече Тодевска.

– Јас мислам дека и сега повеќето луѓе ме пцујат, а и коментарите ќе бидат во насока на тоа дека сум ја продала својата земја – рече Тамара.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега