Талески: ВМРО-ДПМНЕ го понижува Гоце Делчев

Пратеникот на СДСМ Миле Талевски во емисијата Објектив на НТВ истакна дека не се преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот литературен јазик, македонскиот национален интерес е заштитен, а Гоце Делчев е македонскиот идентитет.
 
ВМРО-ДПМНЕ со Декларацијата што ја предлага за Гоце Делчев го понижува неговото дело и покажува дефицит на сопствениот идентитет, тие не поистоветуваа со Хунзите, бараа антички идентитет, нагласи Талевски.
 
Тој истакна дека за македонскиот идентитет на граѓаните треба да се извини поранешниот претседател од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов за генетското потекло, да се извини Никола Груевски за Хунзите и Антонио Милошоски за неговите изјави за Блаже Конески.
 
Македонскиот идентитет е заштитен, а ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните, лицемерно и контрадикторно се однесува во секој поглед, рече Талевски, додавајќи дека бара дневни политички поени и предвремени парламентарни избори, бидејќи се срами од градоначалниците што ги постави.
 
Талески ги повика ВМРО-ДПМНЕ да ја повлечат декларацијата и да не го сквернават ликот и делото на Гоце Делчев.
 

 

Во духот на заедништвото да се повлече Декларацијата и да најдеме начин да не се впрегнуваме во вакви теми, кои ги повредуваат чувствата и ги делат граѓаните и да најдеме начин да се посветиме на темите за решавање на проблемот што го имаме со Бугарија, нашиот пат е во Европа и друга солуција немаме, порача пратеникот на СДСМ Миле Талевски во емисијата Објектив на НТВ.
08.02.2022 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега